ВИДЕО | Тер Штеген се најде во непријатна ситуација – дојде да гласа во Барселона, но го немаше на список
Во Барселона вчера се одржаа избори за нов претседател на клубот. Очекувано, довербата повторно ја доби Жоан Лапорта, кој и во наредниот период ќе остане на чело на актуелниот шампион на Шпанија.
Препорачано
Сепак, шпанските медиуми објавија и една интересна сцена од гласањето во која во центарот на вниманието беше голманот Марк-Андре Тер Штеген кој како позајмен од Барселона од јануари го брани голот на Жирона.
Право да гласаат имаат само регистрираните членови на клубот, познати како „сосиоси“, чии имиња мора да се најдат на официјалниот избирачки список. Бидејќи името на германскиот голман го немало на списокот, по повеќе од десет минути чекање тој бил принуден да го напушти гласачкото место без да гласа.
🔵🔴 Eleccions Barça
❌Ter Stegen marxa sense votar perquè no apareix al cens electoral#EleccionsFCB3Cathttps://t.co/Mkxi7IU0AA pic.twitter.com/kvYpQqK73B
— Esport3 (@esport3) March 15, 2026
За разлика од голем број фудбалски клубови кои се во сопственост на приватни инвеститори или акционери, Барселона е во сопственост на своите членови. На секои неколку години тие избираат претседател и управен одбор, кои потоа раководат со клубот и ги одредуваат неговите спортски, финансиски и стратешки насоки.
Жоан Лапорта останува претседател на фудбалскиот клуб Барселона


