ВИДЕО: Тепачка во Општина Краљево, советничка со скршена рака, опозицијата исфрлена од советот
Инцидентот за време на седницата на Општинскиот совет на Краљево започна откако опозициските советници побараа градоначалникот Предраг Терзиќ да ја напушти собраниската сала бидејќи, како што рекоа, „го навредува достоинството на локалниот парламент“.
Препорачано
Vučićevi pljačkaši trafika zaposleni i odeveni u skupštinsko obezbeđenje, izbacuju opozicione odbornike sa sednice Skupštine opštine Kraljevo.pic.twitter.com/82HpS9FcRd
— Amfetaminolohije (@amfetaminolohie) May 15, 2025
Kraljevo.
🎥Fb pic.twitter.com/ON07EFmARK— 💀Patogeni puding💀 (@PatogeniP) May 15, 2025
Како што јави дописникот на РТС, неколку опозициски советници се полесно повредени, а советникот на Локалниот фронт, Предраг Воштиниќ, добил медицинска помош. Востиниќ подоцна напиша на X дека советничката од Локалниот фронт, Јелена Тошиќ, „Има скршена десна рака“.
По инцидентот и едночасовната пауза, собраниската седница продолжи.
Шефот на пратеничката група на Локалниот фронт побара седницата веднаш да се прекине и да се повика полицијата да ги испита околностите на инцидентот и штетата што им е нанесена на советниците и на собраниската сала. Опозицијата, која исто така бара смена на градоначалникот, ја напушти собраниската седница, а работата ја продолжија советниците од владејачкото мнозинство.


