ВИДЕО: Таунс најдобар тројкаш, Топин победи на турнирот во забивање

Карл Ентони Таунс е првиот центар што победил на натреварот во шутирање тројки/фото: EPA-EFE/DAVID MAXWELL

Центарот на Минесота тимбервулфс, Карл Ентони Таунс е победник на турнирот во шутирање тројки на Ол-стар викендот кој се одржува во Кливленд.

Таунс во финалето постигна 29 поени и ги победи бекот на Атланта, Тре Јанг и Лук Кенард од ЛА Клиперс кои постигнаа по 26 поени.

– Среќен сум што победив. Си поставувам високи критериуми и жалам што не постигнав 30 поени – изјави Таунс.

 


Карл Ентони Таус испиша историја бидејќи стана првиот центар што победил во натпреварот во тројки на Ол-стар викендот.
Останатите учесници беа Фред Ванвлит, Дезмонд Бејн, Зек Лавин, Си Џеј Мекалум и Пети Милс.

Во натпреварот во забивање победи, кошаркарот на Њујорк никс, Оби Топин. Топин во финалната серија освои 47 поени и го победи Андерсон од Голден Стејт кој имаше три неуспешни обиди за забивање.

– Сакав да изведам нешто што досега не беше видено. Се чувствував добро, минитата година загубив во финалето и сакав оваа година сакам да бидам подобар. Мило ми е што победив – изјави Топин.
Останатите учесници беа Кол Ентони и Џејлин Грин.

Во натпреварот за кошаркарски вештини победи тимот на Кавс кој беше во состав Џарет Ален, Дариус Гарланд и Еван Мобли. Тие во финалето беа подобри од Рукс кој беше составен од Кејд Канингем, Скоти Барнс и Џош Гиди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот