ВИДЕО: Талибанците го заробија и убија познатиот авганистански комичар

Авганистанскиот комичар Назар Мухамед, познат како Каша Звана, заробен и убиен од талибанците/ Фото: Screenshot Video Daily Mail

Талибанците кон крајот на јули, откако ја презедоа контролата над авганистанскиот град Кандахар, го убија познатиот авганистански комичар, кој претходно ги исмејуваше талибанците, пренесува Дејли Меил.

На социјалните мрежи синоќа излезе снимка од последните моменти на комичарот Назар Мухамед, познат како Каша Звана. Мухамед бил заобиколен од вооружени исламисти во нивното возило.

Талибанците го извлекле од неговиот дом, па со автомобил го однеле до местото каде потоа го убиле.

Комичарот, кој иако знаел што го очекува, тој продолжил да се исмејува со талибанците, кои потоа физички го нападнаа.

Според изворите на Дејли Меил, во Авганистан се појавиле фотографии на кои комичарот е обесен на дрво, но и слики каде тој лежи на земја со пресечена глава.

Талибанците тврдеа дека Назар бил вклучен во убиство и малтретирање на нивни луѓе. Мухамед редовно ги исмејувал талибанците на социјалните мрежи, а зад себе ги остави својата сопруга и двете ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот