Свлечиште во Битолско / Фото: скриншот

ВИДЕО | Свлечиште кај депонија проголта локален пат во Битолско

Големото свлечиште кое вчера се случи на регионалниот пат Новаци – Маково, кај депонијата Мегленци, буквално го проголта целиот пат.

Од видеото што го објави битолчанец, може да се види како патот е пресечен и земјата надолу пропаднала од свлечиштето. Голема среќа е што во тој момент никој не се нашол на патот.

Градоначалникот на Оштина Новаци Стевче Стевановски вчера во обраќање до јавноста извести за опасности на регионалниот патен правец Новаци – Маково, предизвикани од свлечиштето и кажа дека во моментот деформацијата ја санираат екипи на РЕК Битола и ЈП за одржување на патишта.

Големо свлечиште кај Новаци, се вози тешко по локален пат

Пред три недели беше регистрирана колосална пукнатина во земјата во атарот на Липково. Тогаш стануваше збор за активно свлечиште кое претставува непосредна закана за безбедноста на локалното население. Жителите инсистираа институциите итно да преземат мерки за запирање на ерозијата на ридот.

ВИДЕО | Се отвори земјата во Липково: во опасност се куќите и регионалниот пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот