F.C. Struga

ВИДЕО: Струга освои три бода во Битола и врза три победи

Струга ТЛ на гости во  Битола дојде до важни три бода, откако во единствениот денешен дуел од Првата лига го совлада Пелистер со 2-0.

Почетокот на натпреварот беше одложен за околу 30 минути, а по почетокот двете екипи прикажаа борбена игра и создадоа неколку солидни шанси, а гол видовме пред крајот на првиот дел. Тогаш Марјан Радески најдобро реагираше во противничкиот шеснаесетник и со удар со глава ја донесе предноста за гостите.

И во вториот дел се играше во сличен ритам. Пелистер се обидуваше да се врати во игра и успеа да постигне погодок, но истиот беше поништен поради офсајд. Стружани ја заверија победата во завршницата, кога Шабани во 87. минута ја затресе мрежата за конечни 2-0.

Со овој триумф, Струга стигна до својата 16-та победа во сезоната и вкупно 53 освоени бодови, а дополнително значајно е што по подолг период врзаа три победи во низа. Пелистер, пак, останува на 10. позиција, израмнет по бодови со Работнички кој е претпоследен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот