ВИДЕО | Стрелците расположени на „Боксинг деј“: Њукасл го прегази Лестер, гол и две асистенции на Митровиќ

Фото: Fulham Football Club/Twitter

Во терминот од 16:00 часот се одиграа четири натпревари во денешниот „Боксинг деј“ во Премиер лигата. Ова 17-то коло е прво по паузата за Светското првенство.

Њукасл продолжи со одличните настапи и за едно полувреме го прегази Лестер со 0.3. Сите три гола гостите ги постигнаа во првите 45 минути. Прво Вуд уште во третата минута го отвори резултатот, Алмирон во седмата зголеми на 0:2, а во 32-та Жоелингтон го постигна третиот гол. Можеше Њукасл да постигне и уште некој гол со оглед на шансите, но резултатот не се промени.

Победа во лондонското дерби славеше и Фулам против Кристал Палас 0:3. Рид погоди по половина час игра, а само три минути подоцна гостите останаа со играч помалку бидејќи исклучен беше Мичел. На 20-тина минути до крајот Рим зголеми на 2:0, а српскиот интернационалец Александар Митровиќ во 80. минута се погрижи за 3:0. Треба да се каже дека Митровиќ беше асистент на претходните два гола.

На останатите две средби Брајтон на гости кај Саутемптон победи со 1:3, а Вулвс со гол во 95-та минута го совлада Евертон (1:2). Претходно во терминот од 13:30 часот Брентфорд и Тотенхем ремизираа 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот