ВИДЕО: Страшни нереди на фудбалски меч во Холандија, полицијата со пендреци по навивачите

Немили настани на второлигашкото холандско дерби Рода - Мастрихт/Фото: twitter.com/Awaydays23

Холандија во последните недели ја зафати бран навивачки немири на фудбалските натпревари..

А нов инцидент и веројатно најтешкиот досега е забележан на второлигашкиот натпревар помеѓу Мастрихт и Рода, кој беше прекинат непосредно пред полувремето.

Според холандските медиуми, а тоа го покажува и видеото од местото на настанот, конфликтот настанал по мали провокации и употреба на пиротехнички средства.

Бидејќи не биле многу далеку еден од друг, дошло до близок контакт, кога хулиганите од Мастрихт налетале на Рода, чии најхрабри членови се наредиле на оградата и беа први на удар.

Се закануваше опасна ескалација на насилството, полицијата интервенираше, како што може да се види ја употреби сета расположлива сила за да воспостави ред и мир на стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот