ВИДЕО: Страшна несреќа на авто-трка во Аргентина, автомобил седум пати се превртел, но возачот за чудо преживеал

Foto X@ElOtroDeporte1

Тинејџерот ја преживеал хорор-несреќата само со полесна повреда а неговиот автомобил бил распарчен по превртувањето

Ова е застрашувачкиот момент кога автомобил се превртел седум пати во хорор несреќа.

Инцидентот се случил на трката „Топ рејс“ во Аргентина со 19-годишниот возач Улисес Кампилеј кој има среќа што е жив по несреќата.

Автомобилот на тинејџерот бил „лансиран“ откако Томас Чинголани несакајќи се судрил со Јосито Ди Палма, па тоа го предизвикало превртувањето.

Шевролетот на Камплеј се превртел дури седум пати додека возачот бил внатре во кабината.

Автомобилот бил распарчен во страшната несреќа, а само каросеријата остана додека остатоци летале низ воздухот.

Лекарите веднаш интеревенирале и трката била прекината. Извештаите наведуваат дека младиот возач има среќа што се уште е жив.

Дополнителни медицински извештаи наведуваат дека е откриена мала фрактура на колкот, што нема да биде проблем да се излекува.

Тимот на Феникс рејсинг за кој вози Кампилеј му посака брзо закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот