Камион со возач виси од урнат мост во Кина/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Страотна глетка: Камион виси откако се урна мост од поплавите во Кина

Камион е снимен како виси од урнат мост во покраината Гуиџоу по обилни дождови и лизгање на земјиштето што го погодија овој кинески регион во вторникот.

Видеата објавени на социјалните мрежи го снимија тажниот момент кога минувач се обидува да му помогне на возачот, кој беше заробен во кабината на возилото. Во меѓувреме, снимки од дрон објавени од кинеските државни медиуми покажаа како кабината на камионот опасно виси над карпа.

Регионот е погоден од невидени временски непогоди, а врнежите од дожд во последните денови се опишани како „први во триесет години“, според државните власти. Поројните дождови предизвикаа сериозни поплави во многу градови и села во југозападна Кина, според Би-Би-Си.

И покрај шокантниот инцидент, локалните власти објавија дека возачот бил спасен од службите за итни случаи и поминал без повреди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот