ВИДЕО | Стјуардеса од Србија покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во светот

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кристина Грабеж, инфлуенсерка и поранешна стјуардеса од Србија, на социјалните мрежи покажа како изгледа лет во една од најскапите први класи во авион.

„Иако многу авиокомпании имаат свои првокласни верзии, авиокомпаниите од Блискиот Исток ги имаат најексклузивните и најскапите седишта во авионот“, рече Кристина на почетокот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Grabez (@tinagrabez)


Таа објасни дека секое седиште има посебна врата која може да се затвори за да се обезбеди целосна приватност на патниците. Исто така, во првата класа, додатоците како грицки, слушалки и ќебиња се подобри отколку во остатокот од авионот. Патниците добиваат и комплет со козметика и пижами. ТВ сет за забава. Нивните седишта исто така може да се издолжат, а патниците добиваат и комплет постелнина. Патниците во оваа луксузна прва класа добиваат и целосен сет за бањата, во кој се вклучени дури и пешкири.

Гостите во првата класа ги послужува готвач, а Кристина вели дека јадењата се подобри отколку во остатокот од авионот.

„Сето тоа изгледа убаво, но билетот од прва класа во овие компании може да чини и над 10.000 евра“, заклучи Кристина која на социјалните мрежи често споделува видеа во кои опишува како всушност изгледа работата на стјуардесите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот