ВИДЕО | Стадо од 15 кози спаси пруга од пожар: Се покажале како вредни работници, па сега ги бараат и други работодавци

Фото: Пекселс/ jonathan-cooper

Големи суши, разорни поплави, страшни пожари кои ја пустошат природата и уништуваат сѐ пред себе… Сето тоа се природни катастрофи со кои се соочуваат многу европски земји во текот на летните месеци во последните години. Не е многу подобра ситуацијата и во далечната Австралија, која се подготвува за летото кое доаѓа за неколку недели.

За справување со пожарите, австралиските железници решиле да заземат иновативен пристап. Тие „изнајмиле“ стадо кози чија задача е уништување на плевелот и бујната вегетација покрај пругата, која излегла од контрола, пишува „Путникофер“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Железниците на Квинсленд испратиле барање за забрзано решение на проблемот со отстранувањето на плевелот и тревата што претставувала опасност од пожар покрај пругите во близина на Тали, во северниот дел на Квинсленд. Група од 15 кози биле донесени на проба и им биле дадени 8 до 12 недели да го исчистат плевелот во обраснатата област. Животните се покажале како исклучително вредни работници и особено вешти да стигнат до недостапни области, до тој степен што можеле да добијат понатамошни „понуди“ за слични работни места.

Освен што се одлични работници, експертите велат дека козите би можеле да бидат помалку штетно решение за животната средина.

„Козите се безбеден и еколошки начин за чистење на обрасната вегетација без употреба на тешки машини или хербициди“, изјавил регионалниот менаџер на Квинсленд Раилвејс, Скот Корниш за „Јуро њуз“(Euro News).

„Покрај големото искуство во џвакањето, козите се способни да маневрираат околу најтешките достапни места, лесно да се искачуваат на стрмни и карпести терени, односно места до кои нашата тешка машинерија едноставно не може да пристапи“, додаде Корниш.

Животните не само што пасат растенија, туку и семиња, што значи дека инвазивните плевели се спречени од повторното растење и потребата за хербициди може да се намали во исто време. Австралиските железници посочуваат дека оваа практика ќе придонесе за намалување на идните трошоци за управување со вегетацијата.

Иако козите се покажаа како корисни, одењето со полно работно време значи обезбедување на безбедноста на животните, што не е лесна задача. Имено, грижата за козите вклучува нивно чување, обезбедување доволно снабдување со вода и заштита од потенцијални предатори. За да создаде безбеден простор за козите, железницата Квинсленд (QR) постави ограда што ги држи подалеку од самите пруги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот