ВИДЕО: Српската водителка откри како таа и сопругот се заразиле со Корона – Немој да бидете глупави како мене!

Фото: Инстаграм

Српската водителка на пријателите на социјалните мрежи им соопштила дека е позитивна на Ковид – 19, но и дека знае кога се заразиле таа и сопругот.

Милица Кон, водителката на шоуто „Брак на невидено“ и нејзиниот сопруг, музичарот Марко Кон се заразени со вирусот и по тој повод водителката напиша:

– Корона што правиш, како си овие денови? Ајде малку да се дружиме… Останете дома, немојте да бидете глупави како мене – порачала водителката.

@milicakonHello Coronice sta radiš kako si ovih dana? Daj malo da se družimo…. Ostanite kod kuće, nemojte biti glupi kao ja… ##corona ##stayhome @markoj.kon ♬ original sound – Milica Kon

Милица објави снимка на која може да се види дека таа и сопругот биле на свадба минатиот викенд, а една недела подоцна завршиле пред ковид-амбулантата.

– Се сеќавате како јас и маж ми пред седум дена бевме на една свадба и како бевме многу убави? А, нормално пред седум дена сите предупредуваа да не се оди на прослави, бидејќи короната дивее. Но, не, ние бевме убедени дека ако седиме на нашата маса тоа нема шанса да ни се случи – признала Милица во снимката која ја објавила.

Преземано од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот