Обемна потрага по изчезнатото 5-годишно дете/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Среќен крај на потрагата по изгубеното петгодишно дете во Италија

Ален Бернар Ганао, петгодишното момче кое исчезна во петокот навечер од камп во Лате, Вентимиља, Италија, беше пронајдено безбедно и здраво во недела наутро.

Малиот Ален, кој го носеа во раце спасувачите, беше пречекан со овации од толпата што се собра на плоштадот Лате, која со нетрпение очекуваше вести.

Многумина не можеа да ги сокријат своите емоции по веста дека момчето е пронајдено безбедно, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според првичните информации, детето е пронајдено на рид зад областа Лате во Вентимиља.

Момчето било на краток одмор со своето семејство во рекреативната зона Пор Ла Мар кога, под непознати околности, исчезнало.

Од првата минута на исчезнувањето во Италија започна голема операција за пребарување: се вклучија полицијата, карабинерите, пожарникарите, волонтери, планински спасувачи, додека распоредени беа и беспилотни летала со термални камери, специјално обучени кучиња и хеликоптер. Се пребаруваше дење и ноќе.

Ситуацијата дополнително беше искомплицирана од фактот дека Ален е во аутистичниот спектар и не реагира на повиците од спасувачките екипи, пишува „Кориере дела Сера“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот