Александар Србиновски
Александар Србиновски / Утрински брифинг

ВИДЕО | Србиновски: Ужасни работи се случуваат во сите војни, но треба да се утврдат од независни извори

Воени злосторства во Украина се случуваат, обвинувања и контраобвинувања има околу настаните во Буча.

– Говориме за многу грозоморен чин во кој цивили ги изгубија животите. Ова далеку ги надминува поскорешните војни на Блискиот исток и поранешна Југославија. Класификацијата на оваа ситуација е тешко да се направи оти недостасува меѓународна проверка. Ќе пристигнат меѓународни тимови да проверат што се случило и кој го сторил тоа. Многу е страшно и ако е направена фабрикација и ако е изведено тоа масовно убиство, вели новинарот Александар Србиновски за Утрински брифинг.

Констатирањето на фактите не го прават политичари и новинари туку експерти форензичари.

Србиновски вели дека ако се направи паралела со случувања во Грузија, во Јужна Осетија, потоа Сребреница кое е случување од поголеми размери, како и случајот со Рачак во Косово кој сѐ уште се спори.

– Разликата е тука што станува збор за една голема сила која поседува нуклеарно оружје

Србиновски вели дека не гледа волја за деескалација на конфликтот.

– Како Русија ќе се повлече ако однапред ги прогласуваме за воени злосторници? Ова сега е реторика која е карактеристична за деведесеттите, вели Србиновски.

Многу луѓе загинаа и ќе загинат, а има и голема материјална штета, па за очекување е да има судски процеси за репарации. Но, како што вели Србиновски, тешко е да се разликува кој всушност војува, дали се руски војници или платеници или доброволци, а контролата над тие луѓе е многу тешка.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот