ВИДЕО: Според ЕСПН, Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство!

Фото: ФФМ

И додека го чекаме утрешното деби на нашите најдобри фудбалери, тие веќе добија едно големо признание, односно го имаат најубавиот дрес на Евро 2020 според угледната американска телевизија „ЕСПН“.

Уште пред стартот на континенталниот собир македонската јавност бурно реагираше поради бордо дресовите по што ФФМ веднаш одлучи да се врати на старите дресови, црвени со жолтото сонце.

Вчера се објави вест дека Грција се жали до УЕФА поради амблемот на ФФМ, дали веднаш ќе се реагира останува да се види.

Еве повторно се зборува за македонскиот дрес, според Херс Гомес и Клинтон Јејтс од ЕСПН велат дека дресот со сонцето е најоригинален, како и македонското знаме.

Истиот извор потсетува на сензационалниот триумф против Германија (1:2) во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Останува утре ова признание да биде и крунисано со прва голема историска победа на Европските првенства против селекцијата на Австрија.

Видеото на „ЕСПН“ за македонскиот дрес можете да го погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот