ВИДЕО: Спектакл на презентацијата на Меси во Мајами

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

САД виделе многу легенди, но синоќа на некој начин започна нова фудбалска ера во таа земја – ерата на Лионел Меси во МЛС лигата. Пред преполниот стадион „ДРВ ПНК“ во Форт Лодердејл, еден од најголемите фудбалери на сите времиња Лионел Меси и официјално беше претставен како новата „десетка“ на Интер Мајами.

– Дојдов овде со истата желба која секогаш ја носев во себе – изјави 36-годишниот Аргентинец.

Дебито на Меси е планирано за 22 јули кога Интер Мајами ќе го одигра првиот натпревар од Лига купот на Северна и Централна Америка против мексиканскиот Круз Азул.

– Сигурен сум дека ќе имаме многу прекрасни искуства. Многу сум трогнат што сум овде во Мајами, што сум со вас. Сакам да ви се заблагодарам – во име на моето семејство, за љубезноста што ми ја покажавте – им се обрати Меси на фановите во Флорида.

На презентацијата беше уште една фудбалска легенда, а сега еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам.

– Сонувавме за елитни и најдобри играчи и ги донесовме најдобрите што некогаш ги облекле копачките – неговото име е Лионел Андрес Меси – се зборовите на Бекам.

Нов играч на Интер Мајами е и Серхио Бускетс кој претходно играше заедно со Меси и во Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот