ВИДЕО | Сопругата на Сергеј Трифуновиќ за нивната љубовна врска: „Ме запроси 48 часа откако ме запозна“
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (53) и неговата сопруга Исидора (30), кои наскоро го очекуваат своето прво дете, веќе подолго време се во фокусот на јавноста. Нивниот брак е проследен со многу бурни моменти, но и со бројни патувања и ситуации што звучат како вистински љубовен филм.
Препорачано
Од моментот кога се дозна дека се во врска, Исидора привлече големо внимание. Сергеј долго важеше за „закоравен ерген“ и „женкар“, па многумина сакаа да знаат која жена успеала да го промени. Работите станаа уште побурни кога само една недела по венчавката, актерот ја пријави сопругата за семејно насилство, по што таа беше уапсена поради нерегулиран престој, бидејќи по потекло е од Хрватска.
Сега, Исидора гостуваше во „Поткаст у пижамама“ и откри низа необични детали од нивната врска и нејзиниот живот пред бракот. Гостувањето почна со коментари за нејзиниот немирен дух и анегдоти како таа дека „еден ден си купила тест за бременост зашто ѝ било досадно“, или дека еднаш „излегла да си купи чизми и не се вратила неколку дена“.
„Ме апсеа многу повеќе пати од она што се пишуваше во медиумите, но за среќа не дознаа секој пат кога бев апсена. И секој пат беше затоа што сум ја надминала дозволата за престој во земјата“, вели таа.

Новинарката ја праша како започнала љубовта со Сергеј, а Исидора објасни дека ретко кој ќе поверува во вистината и навистина, приказната е необична.
Тие првпат се сретнале на роденден, кога Сергеј ѝ побарал полнач за телефон. Таа вели дека тоа било еден од ретките денови кога воопшто носела полнач со себе. По тој случаен контакт, двајцата не се виделе цели две години.
Една вечер, враќајќи се дома и размислувајќи што да јаде, Исидора на социјалните мрежи видела фотографија од маж со две парчиња пица. Тој прашувал дали некој сака едно.
„Јас тоа не го правам, никогаш не го правам, но пратив порака во инбокс и му дадов адреса. Дури потоа сфатив на кого му пишав. Ми побара број и јас сериозно не го кажувам мојот број, можеби само 10 луѓе го знаат, таква сум. Но, ете, му го дадов и тој ми се јави. А јас бев зарипната и зборував чудно, па ми рече дека му звучам како Цеца во деведесеттите години, а јас тоа го сфатив како комплимент. Ми вели да се договориме следниот ден да ме води на ручек, а јас си мислам: ‘Што ќе јадам вечерва?’“

Следниот ден излегле, разговорот течел природно, дури „како да се знаат цел живот“. По ручекот отишле на прошетка, а животните околу нив — мачки, кучиња, верверички — таа ги сфатила како „знак од природата“.
„Истиот ден ме бакна, пред рампа на паркинг, додека некоја госпоѓа ни свиреше зашто сакаше да си влезе пред зградата, да си паркира“, се присетува Исидора.
Вљубената атмосфера продолжила и следниот ден, а потоа следела сцена што звучи како спонтана романтична комедија.
„И додека се шетавме, почна нешто сам да си зборува на глас да си коментира. Го прашувам што е, а тој ми одговори да бидам трпелива. ‘Да очекуваш од мене трпеливост е исто како да пуштиш еж во продавница со балони’ му велам и тој се изнасмеа“, раскажа Исидора.
А потоa, се случил моментот што ја запечати нивната врска: „И во еден момент клекна на колено и ме праша дали сакам да се омажам за него. Не се познававме ни 48 часа, ама повтори неколку пати и му реков дека сакам“.


