Ребел Вилсон со сопругата Рамона/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Сопругата на Ребел Вилсон е бремена: Се венчаа минатата година, а второто бебе е веќе на пат

Семејството на актерката Ребел Вилсон е на прагот да добие уште еден член. Нејзината сопруга Рамона Агрума објави дека е бремена и дека го очекуваат своето второ дете, повеќе од една година по нивната венчавка во септември 2024 година.

Ребел Вилсон се ожени со Рамона Агрум на Сардинија, Италија.

Рамона ја сподели среќната вест на својот инстаграм-профил.

– Најсреќната вест во нашето семејство. Наскоро ќе бидеме четворица! Бебето број 2 е на пат. Те сакам Ребел Вилсон – напиша таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ramona Agruma-Wilson (@ramonaagruma)

Заедно со објавата, таа сподели трогателно видео на кое се прикажани семејни фотографии, како и видео од позитивен тест за бременост. Рамона гордо го покажа својот труднички стомак.

Проширувањето на семејството долго време беше желба на актерката. Кратко откако ја доби ќерката Ројс преку сурогат-мајка во ноември 2022 година, таа откри дека логистичките проблеми биле единствената пречка.

– Би сакала да имам уште едно дете. Прашањето е: „Дали е можно?“ Морам да одам преку ин витро фертилизација. Ќе видиме како ќе биде – изјавила таа за „Е! њуз“ во август пред две години.

Двојката веќе има тригодишна ќерка, Ројс Лилијан, која е родена во ноември 2022 година преку сурогат-мајка.

– Не можам ниту да ја опишам љубовта што ја чувствувам кон неа, таа е прекрасно чудо! Благодарна сум на сите што беа вклучени (знаете кои сте), ова се правеше со години, но особено би сакала да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сурогат-мајка која ја носеше и ја роди со таква грациозност и грижа. Ви благодарам што ми помогнавте да основам свое семејство, тоа е неверојатен подарок. Најдобриот подарок! Подготвена сум да ѝ ја дадам на малата Ројси целата љубов што можам да ја замислам. Учам брзо… Ги почитувам сите мајки! Горда сум што сум во вашиот клуб – ја сподели емотивната објава Ребел во тоа време.

Ребел Вилсон во тајност се омажи со својата партнерка во Италија

ФОТО | Ребел Вилсон ја запроси својата сакана во „Дизниленд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот