Ребел Вилсон во тајност се омажи со својата партнерка во Италија

Фото: Инстаграм/ rebelwilson

Актерката Ребел Вилсон се ожени со својата девојка Рамон Агрум овој викенд на Сардинија, Италија, пренесува магазинот „Пипл“ (People). Фотографиите од венчавката сѐ уште не се објавени, а сѐ се случило во тајност.

Ребел и Рамона, дизајнерка на облека и накит, првиот заеднички одмор го поминале во Италија, па не е изненадување што ја одбрале таа земја за овој важен ден. Неколку дена пред свадбата, Ребел на својата инстаграм-приказна објави фотографија на која се држи за рака со Рамона во градот Порто Черво. Пред венчавката тие престојувале во хотелот „Кала ди Волпе“.

Нивната врска ја обелоденија во јавноста во јуни 2022 година, кога Ребел објави нивна фотографија со натпис: „Мислев дека барам принц на Дизни… Но, можеби она што навистина ми требаше цело ова време беше принцезата на Дизни“.

На крајот на 2022 година, Ребел објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка. „Јас сум исклучително горда што можам да го објавам раѓањето на моето прво дете, Ројс Лилијан, родено минатата недела преку сурогат мајка“, напиша тогаш Ребел.

Тие се верија во февруари 2023 година пред замок во Калифорнија. „Рековме да“, напиша Ребел покрај фотографиите од свршувачката. Вилсон подоцна во нејзините мемоари „Rebel Rising: A Memoir“ објасни како ја запросила Рамона.

Фото: Инстаграм/ rebelwilson

Претходно, Рамон Ребел беше во врска со Џејкоб Буш и нивната врска започна непосредно пред пандемијата на коронавирус. Тие за првпат се појавија заедно во јавност на црвениот тепих во Монако, но таа љубов не траеше долго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот