фото: EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

ВИДЕО | Сон Хјун Мин донесе одлука: Ова лето ќе го напушти Тотенхем

Капитенот на Тотенхем, Сон Хјун мин, објави дека одлучи да го напушти лондонскиот фудбалски клуб по една деценија. Јужнореецот на прес-конференција во Сеул изјави дека ја донел најтешката одлука во својата кариера.

– Бев многу млад кога дојдов сам во северен Лондон, не зборував англиски. Го напуштам Тотенхем како возрасен, горд на сè што доживеав. Ми треба нова средина и промена – 10 години е долго време. Поминав многу време размислувајќи дали сакам да го доживеам фудбалот во поинаква средина – рече Сон.

Запиша 454 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања од 2015 година, постигнувајќи 173 гола и 101 асистенција. Сон го предводеше Тотенхем до славата во Лигата на Европа во мај, кога лондонскиот клуб го освои својот прв трофеј по 17 години.

Тој има договор со Тотенхем до крајот на сезоната, а медиумите известуваат дека наскоро би можел да стане фудбалер на Лос Анџелес.

Тотенхем ќе одигра пријателски натпревар против Њукасл во Сеул, а тоа би можел да биде последниот меч на Сон во дресот на англискиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот