ВИДЕО: Собрани 190.000 евра за Бразилецот кој спаси деца во нападот кој предизвика масовни протести во Даблин

Даблин напад / Фото EPA-EFE/MOSTAFA DARWISH

Повеќе од 190.000 евра се собрани денеска за Бразилец кој помогна да се запре нападот со нож врз деца во училиште во центарот на градот Даблин, што предизвика широко распространето улично насилство од страна на антиимигрантските активисти кои веруваа дека напаѓачот е странец.

Пари за бразилскиот имигрант Каи Бенисио, возач на мотоцикл, се собрани во онлајн кампања, објави Ројтерс.

Бенисио за медиумите изјави дека помогнал да се запре напаѓачот, маж на возраст од педесет години, удирајќи го со кацига од мотор во главата.

Ирската полиција денеска објави дека уапсиле 34 лица во врска со немирите во Даблин во текот на ноќта и дека може да следат уште протести откако пет лица, меѓу кои три мали деца, беа избодени со нож.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот