Фото: Screenshot

ВИДЕО | Снимка од Јокиќ како оди по тешката повреда ги воодушеви навивачите

Кошаркарите на Денвер нагетс запишаа важна победа на гостувањето кај Торонто репторс со 106-103, и тоа иако настапија без неколку важни играчи, меѓу кои и Никола Јокиќ, кој е надвор од терените поради повреда. Иако не беше во составот, српската ѕвезда беше присутна во салата, а неговото појавување го забележа новинарот на „Altitude TV“, Вик Ломбарди, кој редовно ја следи екипата од Колорадо.

Ломбарди на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Јокиќ се движи без очигледни проблеми, што веднаш предизвика позитивни реакции и оптимизам кај навивачите.

„Вау, големиот човек се движи навистина лесно. Најновите информации се токму тука“, напиша Ломбарди покрај видеото од јокиќ.

Набрзо потоа, снимката ја коментираше и докторот по спортска медицина Брајан Сатерер, кој посочи важен детал поврзан со состојбата на Јокиќ.

„Ова е многу позитивен знак, бидејќи го гледаме без патерици. Тоа укажува дека нагмечувањето на коската не е толку сериозно за да бара целосно растоварување“, објасни Сатерер.

Да потсетиме,  Јокиќ се повреди во понеделникот на натпреварот против Мајами хит, кога по еден дуел падна на паркетот и се фати за левото колено. Според првичните проценки, се очекува да паузира околу еден месец.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот