ВИДЕО | Случајност или инспирација? Новата песна на Хари Стајлс потсетува на регионалниот хит „Лутка“ на С.А.Р.С.
Новата песна на британскиот музичар Хари Стајлс, „Carla’s Song“ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, бидејќи многумина сметаат дека мелодиски потсетува на регионалниот хит „Лутка“ на белградската група С.А.Р.С. од 2013 година.
Препорачано
@kdlolt 👀#harrystyles #sars #kissallthetimedicsooccasionally #molim #kajeovofrende ♬ Welcome To The Store (STEM pad) – Homegrown / BMGPM
Неговиот нов албум „Kiss All The Time. Disco, Occasionally“ штотуку беше објавен, а веќе поттикна дебати меѓу обожавателите. Особено внимание привлече завршната песна „Carla’s Song“, која Стајлс ја опиша како „најважниот дел од целиот албум“.
Додека дел од публиката разговара за значењето на песната, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат споредби со баладата „Лутка“, еден од најголемите хитови на групата С.А.Р.С., која пред повеќе од една деценија беше многу популарна низ регионот.
На интернет се споделуваат исечоци од двете песни, а во коментарите се посочува сличност во мелодијата и атмосферата. Дел од слушателите сметаат дека станува збор за случајна сличност и сличен музички сензибилитет, додека други се прашуваат дали Стајлс можеби пронашол инспирација во регионалниот хит.
Да потсетиме, „Лутка“ е една од најпознатите песни на белградскиот бенд С.А.Р.С., објавена во 2013 година. Баладата со текот на времето стана и чест избор за прв танц на свадби низ регионот.
Фронтменот на групата, Жарко Ковачевиќ, своевремено објасни дека песната нема врска со толкувањата што ја поврзувале со дрога, нагласувајќи дека секое уметничко дело го доживува на свој начин — што, според него, и е убавината на уметноста.


