Доли Партон / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

ВИДЕО | Славната пејачка со хуман гест: Му исполни желба на обожавател кој е терминално болен

Славната пејачка Доли Партон (77) покажа дека има големо срце и му исполни желба на нејзиниот обожавател ЛеГранд Голд, кој боледува од рак на дебелото црево, а лекарите му рекле дека терапите веќе не функционираат, пишува „Ју-ес-еј тудеј“.

ЛеГранд направил листа на работи што сакал да ги направи пред да се соочи со смртта. Меѓу нив била и желбата да се запознае со светската легенда Доли. Благодарение на пејачката таа желба му се исполни.

Имено, Доли Партон му се јави преку видеоповик. Неговата сопруга ѝ кажала на пејачката дека на ЛеГранд му се допаѓа прекарот Ел Џи, па Доли така му се обрати.

„Здраво, Ел Џи. Тука е Доли Пи.! Како си?. Слушнав дека си мој голем обожавател долги години, сакав само да ти се заблагодарам за тоа“, му рече таа.

„Многу сум среќна што заедно ќе патуваме мал дел од нашето животно патување. Отсекогаш сум сакала да ги радувам луѓето со мојата музика и работите што ги кажувам и многу сум среќна што на некој начин го допрев твојот живот. Ти благодарам што ми укажа толкава чест“, додала Доли.

„И мене ми е чест. Многу ми помогна, особено во последните неколку години“, ѝ одговорил Ел Џи.

По краткиот разговор таа му запеала, a Ел Џи уживал во секоја минута од повикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот