ВИДЕО: Скромно – Мајкл Китон тврди дека тој бил најдобриот Бетмен

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Дали и вие се согласувате со неговата изјава? Кој бил најдобриот Бетмен?

Мајкл Китон поседува многу доблести, но изгледа дека скромноста не е една од нив, бидејќи самиот се нарече – најдобриот Бетмен.

Китон го толкуваше Мрачниот витез во успешните филмови на Тим Бартон од 1989 и 1992 година, а сега се појави во ТВ емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ со цел да одговори на гласините кои кружат дека тој ќе се појави во претстојниот суперхеројски филм „The Flash“, покрај Бен Афлек.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Иако не можеше да даде конечен одговор, тој откри дека околу дотичниот проект во моментот се наоѓа во преговори.

Потоа, водителот Џими Кимел му постави прашање – кој бил најдобриот Бетмен, на што Китон едноставно одговори:

– Јас!

Кога го прашаа дали се уште го поседува Бетмен оделото, Китон одговори дека го облекува секој ден кога ќе ја загуби самодовербата, па мора да се потсети дека тој, всушност, е Бетмен.

– Се облекувам во оделото секој пат кога ќе се почувствувам несигурно. Во него дури понекогаш шетам и низ соседството, додаде Китон.

Премиерата на „SF“ акцијата „The Flash“ би требало да биде одржана во 2022 година.

Се согласувате ли со неговата изјава….. кој според вас досега бил најдобриот Бетмен?
Погледнете го интервјуто…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот