Фото: EPA/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Сити без проблеми со Фулам, „граѓаните“ во трката за титулата

Фудбалерите на Манчестер сити денеска го победија Фулам со 3:0 на домашен терен во 26 коло од Премиер лигата. Сити така продолжи со својата потера по Арсенал, но ќе треба постојано да бележи вакви игри, како и да се надева на лоши игри и резултати на „топџиите“.

Домашниот тим веќе можеше да почне да размислува за следниот предизвик по првото полувреме, со оглед на тоа што имаше предност од три гола и играше многу подобро од своите ривали.

Нивната иницијатива се исплатеше во 24 минута кога Антоан Семењо повторно покажа дека ќе биде одлично засилување за тимот на Пеп Гвардиола. Шест минути подоцна, Семењо исто така запиша асистенција, а овој пат стрелец беше младиот Нико О’Рајли.

Прекрасната игра на „Граѓаните“ во првите 45 минути ја круниса Ерлинг Халанд, кој стигна до својот 22 гол во сезоната во 39 минута.

Второто полувреме од натпреварот не беше ни приближно толку интересно, пред сè затоа што Сити одлучи дека три гола се доволни. Фулам, од друга страна, не успеа посериозно да се закани по голот на Донарума.

Во следното коло, Манчестер сити ќе биде домаќин на Њукасл, додека Фулам ќе гостува кај Сандерленд.

На табелата Манчестер сити е второпласиран со 53 бодови, три помалку од водечкиот Арсенал кој својот меч од ова коло ќе го има в четврток на гости кај Брентфорд. Фулам кој го претрпе 12 пораз, трет во низа, се наоѓа на 12 позиција со 34 бодови.

Премиер лига, 26 коло

Среда, резултати:

Астон Вила – Брајтон 1:0
Кристал палас – Барнли 2:3
Манчестер сити – Фулам 3:0
Нотингем форест – Вулверхемптон 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот