„LX Hammer Burger“ на Супербоул/Фото: Принтскрин/Икс

ВИДЕО | Некои го фалат, некои се згрозени: Ѕвезда на Супербоул беше џиновскиот бургер од 180 долари!

По завршувањето на Супербоул, се чини дека на интернет помалку се дебатира за самиот натпревар, а повеќе за храната. Главна ѕвезда на социјалните мрежи стана огромен бургер од 180 долари (околу 165 евра) кој се продавал на стадионот „Левис“ во Калифорнија. Снимките од таканаречениот „ЕлИкс Хамер бургер“ (LX Hammer Burger) брзо се проширија низ социјалните мрежи и предизвикаа лавина од реакции, од воодушевување до крајно згрозување.

 

Овој „бургер“, што го осмислила компанијата „Леви ресторантс“, официјалниот угостителски партнер на стадионот, всушност и бил осмислен како типична закуска за натпреварот. Тежок околу 1,6 килограми, официјално е претставен како оброк за четири лица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LilJupiter (@liljupiterr)

И притоа не станува збор за класична плескавица направена од мелено месо. Во бриош печивото се наоѓа бавно готвена јунешка коленица чие месо се одвојува од коската, дами-глејс сос со коренест зеленчук и фонду од синото сирење „Поинт Рејес“. Накратко, повеќе личи на раскошно ресторантско јадење отколку на бургерот што се очекува со пиво и навивање.

 

Дебатата дополнително ја разгорел главниот уредник на НФЛ, Џими Даркин, кој објавил фотографија од бургерот заедно со сметката на социјалните мрежи. Со данок, конечната цена изнесувала 196,43 долари (околу 181 евро), и тоа без бакшиш.

Таа информација само дополнително ја поделила публиката. Додека некои тврделе дека тоа е врвно гурманско искуство, други се прашувале каде е границата и дали овој вид оброк е чист апсурд, дури и за Супербоул.

 

Социјалните мрежи Инстаграм и Икс се преплавени со снимки од навивачи кои се мачат со џиновскиот сендвич. Некои го пофалиле богатството на вкусот и оригиналноста, додека други биле згрозени од количината на масти и калории, коментирајќи дека ова е претерување дури и според американските стандарди.

Во таа смисла, „ЕлИкс Хамер бургер“ совршено се вклопил во целата приказна за Супербоул. Настанот одамна го надмина спортот и стана спектакл во кој музичките изведби, рекламите и виралните моменти се подеднакво важни. Бургерот од речиси 200 долари бил екстравагантен и невозможно било да се игнорира, исто како и самиот Супербоул.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt James (@mattjames919)

ФОТО+ВИДЕО | Спектакуларно полувреме на Супербоул: Бед Бани ја претвори сцената во љубовно писмо за Порторико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот