Jaник Синер/EPA/FABIO FRUSTACI

ВИДЕО | Синер фуриозно до осминафинале во Рим – го скокна и Федерер, сега пред него е само Ѓоковиќ

Јаник Синер продолжи со импресивните настапи на Мастерс турнирот во Рим, откако без поголеми проблеми избори пласман во осминафиналето.

Најдобриот светски тенисер во моментов беше доминантен против Алексеј Попирин, кого го совлада со 2-0 во сетови (6-2, 6-0) во меч кој траеше само еден час и седум минути.

Од самиот старт Синер целосно ја контролираше играта, не дозволувајќи му на австралискиот тенисер ниту во еден момент да се врати во натпреварот. Во првиот сет направи два брејка, а во вториот уште трипати му го одзеде сервисот на противникот, завршувајќи го мечот рутински при првата меч-топка.

Со оваа победа, Синер стигна до 30 последователни триумфи на Мастерс турнирите, со што го надмина рекордот на Роџер Федерер, кој застана на 29 победи. Пред него останува само Новак Ѓоковиќ со серија од 31 победа.

Во осминафиналето, Синер ќе се соочи со својот сонародник Андреа Пелегрино, кој претходно приреди изненадување со елиминацијата на Френсис Тиафо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот