ВИДЕО | Симона Поповска сними видеоспот за песната „Бакни ме за крај“: Посветена на жените жртви на семејно насилство

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Поп-пејачката Симона Поповска сними видеоспот за песната „Бакни ме за крај“ која ја отпеа викендов на фестивалот „Макфест“ во Штип. Станува збор за песна која е авторско дело на Горјан Стојановски, а режисер на видеоспотот е Крсте Шупев.

„Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото, дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Поповска.

Пејачката од Охрид која претходно често учествуваше на домашните поп-фестивали, роди син во 2021 година и направи пауза со музички настапи. Вели дека сега ќе се фокусира на создавањето нова музика и настапите во живо.

„Доста одморав време е за настапи, по Макфест каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена.

Во продолжение погледнете го видеоспотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот