ВИДЕО | Сидни Свини на полиграф: Конечно призна дали нејзините гради се природни
Сидни Свини се соочи со едно од најдиректните прашања во нејзината кариера кога колешката Аманда Сејфрид, за време на тест на детектор на лаги, ја праша дали нејзините гради се природни. Познатата актерка без двоумење одговори и стави точка на сите шпекулации за естетски интервенции.
Препорачано
За време на популарниот сегмент на Венити Фер, „Детектор за лаги“, 28-годишната Свини се најде во „жешката столица“, додека 40-годишната Сејфрид ѝ поставуваше прашања.
„Само морам да те прашам — дали ти се природни градите?“, ја праша Аманда. Сидни веднаш одговори: „Да!“.
Кога Сејфрид продолжи со прашањето дали „некогаш имала било каков естетски зафат“, Свини решително повтори: „Не, никогаш немам направено ништо“. Полиграфот потврди дека зборува вистина.
Ова не е првпат Свини да се соочи со гласини за естетска хирургија. Оваа недела за списанието „Алур“ изјави: „Никогаш немам направено никаков зафат. Премногу ме е страв од игли“. Таа се осврна и на споредбите на нејзини детски фотографии со оние од црвениот тепих, опишувајќи ги како неправедни.
„Не можете да споредувате фотографија од кога имав 12 години со фотографија од кога имам 26, со професионална шминка и осветлување. Секако дека изгледам поинаку! Луѓето на социјалните мрежи се полудени!“, рече актерката.
Дури се пошегува дека, доколку направила било што, „лицето ќе ѝ било симетрично“, откривајќи дека сè уште има мала асиметрија поради несреќа со скејтборд во детството, кога добила 19 конци покрај левото око.
Во интервју за „Гламур“ во 2023 година, Свини призна дека некогаш се чувствувала несигурно поради големината на своите гради и сериозно размислувала за нивно намалување.
„Во средно училиште ми беше непријатно затоа што беа големи“, раскажа таа. „Говорев дека кога ќе наполнам 18 години, ќе одам на операција.“ Нејзината мајка ја одвратила од таа идеја, убедувајќи ја дека ќе зажали.
„И многу ми е драго што не го направив тоа“, додаде Свини. „Ги сакам. Тие ми се најдобри пријателки.“


