VfB Stuttgart

ВИДЕО: Штутгарт постигна четири гола во едно полувреме и го прегази Леверкузен

Фудбалерите на Штутгарт одиграа одличен натпревар и на гостувањето кај Баер Леверкузен славеа со убедливи 4-1 во рамки на 16. коло од Бундеслигата.

Со овие три бода, Штутгарт се израмни со Леверкузен на табелата, двата тима сега имаат по 29 бодови и се наоѓаат на четвртата и петтата позиција, но и третопласираниот Лајпциг има ист бодовен учинок, но и меч помалку.

Гостите го одиграа својот најдобар меч сезонава и уште во првото полувреме целосно ја решија дилемата околу победникот. Либеник го отвори резултатот уште во седмата минута, а пред самиот крај на првиот дел го постигна и вториот гол. Покрај него во листата на стрелци се запишаа и Мителштад и Ундав, носејќи вистински дебакл за домашниот тим.

Во продолжението Штутгарт рутински ја контролираше играта и резултатот, додека Леверкузен успеа само да го ублажи поразот со погодокот на Грималдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот