ВИДЕО: Што се случува со Интер – Бонавентура за радост на „виолетовите“ на Џузепе Меаца

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Интер се наоѓа во резултатска криза, денеска на домашен терен на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари во Серија А.

Пред своите навивачи миланските „нераѕури“ загубија и од составот на Фиорентина со резултат 0:1.

Стрелец на единствениот погодок за „виолетовите“ го постигна Џакомо Бонавентура во 53 минута.

Интер е веќе далеку од трката за шампионската титула сезонава во Италија, се наоѓа на третата позиција со 50 бодови, дури 21 помалку зад водечкиот Наполи на Елиф Елмас.

Фиорентина после четвртата победа по ред во шампионатот ги одржува шансите за влез на европската сцена, моментно е на осмото место со 40 бодови. Претходно се одигра уште еден меч, Аталанта на гости славеше кај Кремонезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот