ВИДЕО: Шоу на Барселона против Пумас, Каталонците броеја до шест

Убедлива победа на Барселона на последниот натпревар пред стартот на сезоната/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барселона на најдобар можен начин ја најавија новата сезона, на „Камп Ноу“ пред 80.000 навивачи го победија мексиканскиот Унам Пумас со убедливи 6:0 во „Жоан Кампер“ купот.

Два гола даде Педри, а новиот напаѓач Роберт Левандовски постигна еден гол и имаше две асистенции, додека во листата на стрелци се запишаа и Осман Дембеле, Пјер-Емерик Обамејанг и Френки де Јонг.


Натпреварот против Унам Пумас, Барселона го искористи на најдобар начин да се прости од Дани Алвеш кој неодамна потпиша за мексиканскиот тим и вечерва доби овации од навивачите на каталонскиот тим.

Барселона на најдобар начин се прости од Дани Алвеш/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот