Енди Бајрон - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Шокантни обвиненија против Енди Бајрон: „Поради директорот прељубник бев депресивен и едвај си го спасив бракот“

Неодамна, интернетот буквално „експлодираше“ откако поранешниот извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон, беше фатен како ја изневерува својата сопруга на концертот на Колдплеј. Видеото од неговото интимно однесување со колешката Кристин Кабот стана вирално, но како што вели еден негов поранешен колега, ова не е единствениот случај во кој Енди Бајрон изневерил нечија доверба.

Поранешниот вработен во фирмата на Енди, Стефан Манфреда објави остра видео-порака на Инстаграм во која изнесе серија сериозни обвинувања за деловните практики на Бајрон, финансиските манипулации и начинот на кој, како што тврди, им ги уништил животите на многу негови колеги.

„Тоа искуство не само што ми предизвика голема финансиска загуба. Исто така, доведе до прегорување, двегодишна депресија и речиси ми го уништи  бракот. Знам дека не сум единствениот што е погоден од ова и не сакам повеќе да молчам “, се вели во описот под објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Manfreda (@manshredda)

Потоа тој продолжи да зборува за тоа како се однесувал Енди Бајрон во неговата претходна компанија.

„Ако мислите дека бракот е единственото нешто што Енди Бајрон го уништил, имам една анегдота. Пред да стане извршен директор на „Астрономер“, Енди Бајрон беше и директор за продажба во друга софтверска компанија, каде што вработи многу вредни и способни луѓе кои имаа високи очекувања за своите кариери. Им вети можност за цел живот што целосно ќе им ја промени иднината и ќе ги реши сите финансиски грижи што би можеле да ги имаат нивните семејства или деца“, започна Стефан.

Потоа, ја продолжи својата приказна, нагласувајќи дека се случило токму спротивното.

„Имав и сомнително задоволство да бидам интервјуиран и вработен од него. Како што можете да претпоставите, тој е многу убедлив – дури успеа да ја убеди  директорката за човечки ресурси да оди на јавен концерт со него додека има афера со друга вработена. Тој исто така ме убеди мене и многу мои колеги во тоа време да му се придружиме во таа компанија. Тој исто така ги убеди инвеститорите да вложуваат речиси две милијарди долари. Јас и безброј други вработени ги вложивме нашите заштеди во акции на вработените, а кога компанијата пропадна и беше продадена за ситна цена, тој и други високи раководители си заминаа со милиони, додека вработените од пониско ниво, како мене и многу мои колеги, изгубија десетици, па дури и стотици илјади долари од нивните лични заштеди“, ја објаснува својата приказна.

Но сега, како што мисли Стефан, кармата конечно затропа на неговата врата. Тој не го крие своето задоволство што ја гледа кариерата на овој бизнисмен како се распаѓа.

„Две лекции можете да научите од ова. Ако некој ви вети можност за цел живот што ви изгледа премногу добра за да биде вистина – бидете многу скептични. И второ, ако се однесувате лошо со луѓето и ги искористувате, кармата на крајот ќе ве стигне. А понекогаш таа карма се вика Крис Мартин од Колдплеј. Вива Ла Вида“, завршува изјавата на момчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот