ВИДЕО: Шкупи со 5:0 го декласираше литванскиот Хегелман во Конференциската лига
Шкупи со една нога е веќе во второто коло од квалификациите на Конференциската лига, денеска македонскиот претставник со убедлив резултат 0:5 го совлада Хегелман на гостувањето во Литванија. Чаирчани беа пресилни за противникот кој дебитира на европската клупска сцена.
Препорачано
Одлични перформанси денеска имаше интернационалецот од Јамајка, Реналдо Цефас кој четирипати се запиша во листата на стрелците на теренот во Каунас.
Сефас најпрво донесе водство во 11 минута по асистенцијата на Дуду, па предноста беше зголемена во 23 минута со погодокот на Бразилецот Куевен, а асистент беше Тимовски.
GOAL! Hegelmann 0-5 Shkupi (61 Renaldo Cephas)@FootballReprt pic.twitter.com/II4TlsIpYH
— Sohaib Just That (@Sohaib_That) July 13, 2023
Непосредно пред паузата за 0:3 се погрижи Сефас (45+1`), а останатите два гола ги реализираше во 56 и 62 минута од средбата.
Реваншот за играчите на тренерот Џихат Арслан во Скопје на 20 јули на Националната арена „Тодор Проески“ од 21.00 часот треба да биде само потврда за пласманот во второто коло каде чека Левски Софија од Бугарија.


