ВИДЕО: Широки Бријег пресилен за ТФТ во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на ТФТ на турнирот во Суботица во АБА 2 лигата го запиша и вториот пораз овојпат против Широки Бријег со резултат 66:85.

Проблемите на ТФТ кои ги имаа во домашниот шампионат, се зголемија и во АБА 2 конкуренцијата со повредата на Симонс. Следуваше и онаа на Двејн Морган, на првиот меч против Златибор.

А сето тоа заедно со фактот дека во овој „балон“ тренерот Боро Смилковски го нема на располагање и еден од најискусните играчи Горјан Марковски, јасно е што резултатот за тимот од Тафталиџе е поразителен.

Вечерва „црно-белите“ налетаа на еден, и тоа како расположен колектив во кој далеку отскокна еден навистина квалитетен кошаркар – се вика Закари Маркет Нутал, кој едноставно самиот го стави во нокдаун ТФТ. И тоа уште во првите 20 минути кога стана јасно дека ТФТ не може да парира на Широки.

За македонскиот претставник Хотон беше прв стрелец со 15 поени, 13 имаше Ташовски, а 12 Луис. Кај Босанците Нутал постигна 35 поени, а неговиот тимски колега Чолак реализираше 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот