Рајан Сесењон/Fulham FC

ВИДЕО | Сесењон херој, Фулам ја победи Астон вила и се врати во битка за Европа

Фулам приреди мало изненадување во 34. коло од Премиер лига, откако на домашен терен славеше минимално против Астон вила со 1-0.

Лондонскиот тим влезе во овој дуел по два натпревари без победа, но успеа да се врати на вистински пат и да ги задржи шансите за излез во Европа следната сезона. Од друга страна, Астон вила останува во горниот дел од табелата, но со овој пораз ја намали предноста во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Домаќините беа поконкретни и поопасни во текот на целиот натпревар, а решавачкиот момент се случи непосредно пред паузата. Рајан Сесењон се најде на вистинското место и во 43. минута ја затресе мрежата за водство на Фулам.

Во второто полувреме гостите уште еднаш ја извадија топката од голот, но погодокот на Кастањ беше поништен поради офсајд, па резултатот остана непроменет до самиот крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот