ВИДЕО | Сергеј Трифуновиќ ги полил новинарите со вода и им покажал среден прст, по пријавувањето на сопругата за насилство
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера, 23 октомври, ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ за насилство, но обвинителот на Второто основно јавно обвинителство изјавил дека нема елементи за кривично дело од областа на семејното насилство.
Препорачано
Сепак, Исидора Мијановиќ е осудена на парична казна според Законот за странци за нелегален престој во Србија, а како хрватска државјанка ќе мора да ја напушти Србија во следните 24 часа.
По тој повод, екипата на српски „Информер“ се упатила кон Вождовац во Белград, каде што се наоѓа станот во кој живее актерот со Исидора.
Сергеј во неколку наврати излегувал на терасата, а по прашањата поставени од новинарите, а кои биле поврзани со инцидентот во кој се нашол со сопругата, Трифуновиќ им покажал среден прст и на крајот ја полил со вода фоторепортерската екипа на „Информер“.
Видеото можете да го погледнете на следниот линк – ТУКА.
ФОТО | На меден месец во Египет: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ го покажа згодното тело во бикини
По пријавата за семејно насилство сопругата на Сергеј Трифуновиќ е осудена на парична казна


