ВИДЕО: Сензација во Германија, Дортмунд елиминиран од германскиот Куп

„Милионерите“ во аут, германскиот Куп оваа сезона ќе биде нов шампион/Хамбург, Германија/18 јануари 2022/Фото: Hamburg, Germany, 18 January 2022. EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Вечерва составот на Ст. Паули во осминафиналето приреди големо изненадување елиминирајќи го еден од фаворитите за трофејот оваа сезона во Купот на Германија, Борусија Дортмунд со резултат 2:1.

За Ст. Паули стрелаше Етијен Аменидо во четвртата, Алекс Витсел си постигна автогол во 40 минута од средбата. Единствениот погодок за „милионерите“ го реализираше нивната прва ѕвезда Ерлинг Халанд од пенал во 58 минута.

Ова натпреварување ќе добие нов шампион, бидејќи минатата сезона токму Дортмунд беше најдобар.

Пласман во следната фаза обезбедија уште екипите на Хамбургер, Карлсруе и Бохум.

За в среда (19 јануари) се закажани останатите четири осминафинални мечеви: Хановер – Борусија Менхенгладбах, Лајпциг – Ханза Росток, 1899 Хофенхајм – Фрајбург и Херта – Унион Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот