ВИДЕО | Секуловски: Ако нема безбедност на новинарите не може да очекуваме квалитетни информации во јавниот простор

Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ/Фото: Слободен печат

Измените на Кривичниот закон со кој ќе се овозможи поголема заштита на новинарите е во  собраниска процедура но никако да дојде на дневен ред пред пратениците. ЗНМ и ССНМ ќе побараат од Собранието да ги донесе измените зошто премногу се доцни и новинарите предолго чекаат на овој потег.

-ЗНМ и Синдикатот пред неколку години иницираше измени на Кривичниот законик во делот за поголема заштита на новинарите и медиумските работници. Со нападот на новинарите и медиумските работници практично се напаѓа и правото на информирање на граѓаните и на тој начин физичкиот напад и закана кон еден човек станува закана кон целото општество, а од друга страна РСМ како земја има повеќе обврски кон своите партнерски организации во Европа и во светот. Советот на Европа и ЕК укажуваат на проблемот дека безбедноста на новинарите е критична и дека треба да се преземат системски мерки со цел истите да се решат, вели  Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ во гостувањето во Утрински брифинг.

Тој потсети дека овој закон во Собранието беше поднесен од страна на Министерството за правда во јули и август и треба да биде донесен до крајот на годината иако од друга страна, Собранието во моментов има други приоритети како што е буџетот.

-Наш интерес е овој, закон токму како и другите закони кои ја засегаат нашата работа да се донесе. Токму затоа оваа недела организираме регионална конференција со присутни новинари и здруженија од БиХ, Србија, Црна Гора и од РСМ. Целта е да ги поттикнеме пратениците да знаат дека кога ќе кренат рака да гласаат за одреден закон, истиот треба да има одредени стандарди кои се однесуваат на работата на новинарите.Многу е битно законите кои се гласаат во Собрание да гарантираат заштита на новинарите бидејќи без нивна безбедност нема да може да очекуваме квалитетни информации во јавниот простор, дециден е Секуловски.

Во основа државата треба да се погрижи медиумските работници да бидат слободни и да имаат услови за пристојна работа. Нормално, Собранието тука е многу битна компонента бидејќи целата декларативна волја на сите што говорат нулта толеранција ќе имаат кон нападите на новинарите сега имаат можност да го демонстрираат тоа на дело, дали навистина тоа што го говорат сакаат да го пренесат во едно системско законско решение од кое се очекува, на долг рок да даде можност новинарите да бидат заштитени и да дадат поефикасни истраги од страна на обвинителството и разврски во рамки на Кривичниот суд, нагласува Секуловски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот