ВИДЕО | Сејдини: Пред 50 дена ФФМ ја превзема обврската целосно да го уреди тревникот на стадионот, ова е резултатот

Македонската фудбалска репрезентација утре на домашен терен ќе игра против Англија во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Воедно овој натпревар е и првиот на новниот тревник кој треба на фудбалерите да им ги даде најдобрите услови за игра.
Долго време репрезентацијата мака мачеше со лошата состојба на теренот, а гласни беа и Италијанците на нивното гостување во октомври во натпреварот кој заврши без победник 1:1.
Денес на еден еден пред почетокот на натпреварот се огласи и првиот човек на федерацијата Муамед Сејдини истакнувајќи дека федерацијата го средила проблемот по само 50 дена од преземањето на контролата над стадионот.
„Пред 50 дена ФФМ ја превзема обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената “Тодор Проески”. Ова е резултатот!“, објави Сејдини