ВИДЕО | Сејдини: Фудбалската инфраструктура се менува како никогаш досега!

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини/Фото: ФФМ

Муамед Сејдини пред три дена на Редовното Генерално Изборно Собрание доби нов мандат како претседател на Фудбалската федерација на Македонија кој ќе трае до 2025 година.

Во период од две години додека е на чело на ФФМ, успеа заедно со неговиот тим да започне и заврши нови инфраструктурни проекти, да се завршат дел од претходните проекти.

Како што и самиот вели, фудбалската инфраструктура во Македонија се менува, како никогаш досега, интезивно се работи насекаде низ државата.

Нови прекрасни терени, трибини, стадиони, сите неопходни услови за тренинг, тука се одвојуваат градовите Прилеп, Охрид, Скопје, Кичево, Велес, Тетово, Струмица, Кавадарци, Битола, Штип во кои исто така очекуваме и настапи на националните репрезентации.

На видео записот може да се погледне каде и што се реализира од проектите на ФФМ:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот