ВИДЕО | Се сеќавате ли на Сузан Бојл: Нејзиниот настап беше прогласен за најважен момент на шоуто
Првата аудиција на Сузан Бојл беше прогласена за најзначајниот момент во историјата на шоуто „Britain’s Got Talent“, со 71 отсто од гласовите на јавноста.
Препорачано
Шкотската пејачка ги шокираше судиите и публиката со својот моќен глас кога ја изведе песната „I Dreamed A Dream“ од филмот „Les Miserables“.
„Без сомнение, тоа беше најголемото изненадување што го имав во три години од овој натпревар. Беше неверојатно, неверојатно шоу. Се тресам од шок“, тогаш изјави членот на жирито Пирс Морган.
„Мислам дека тоа беше најголемото будење досега. Беше привилегија да го слушам тој глас“, додаде Аманда Холден.
Нејзината аудиција брзо стана вирална ширум светот и таа стигна до финалето на шоуто, освојувајќи го второто место по танцовата група „Diversity“.
Нејзиниот деби албум „I Dreamed A Dream“ стана најпродаваниот деби-албум во Обединетото Кралство на сите времиња и постави рекорд на продажба во првата недела, според „Official Charts Comapny“.
Сузан стана една од најуспешните натпреварувачки на шоуто „Britain’s Got Talent“ досега и има продадено над 19 милиони албуми ширум светот.


