ВИДEO: Се појавија стаорци среде центар, откако Скопје два дена тонеше во ѓубре

Фото: Скриншот

Се појавија стаорци среде центар во Дебар мало, откако Скопје два дена тонеше во смет со преполни контејнери и купишта отпад околу нив.

На двете видеа кои наш читател ги испрати до „Слободен печат“, се гледа како стаорците се движат низ јавни површини. Потоа еден стаорец влегува во двор во детска градинка.

„Така е еве ги искочија, супер, таму ти се кантите за ѓубре.Тражевте еве ги стасаа, така треба. Ќе не изедат глувци, ќе не изедат, ауу ова е страшно.“ вели во позадина во видеото една скопјанка.

Синоќа пред Комунална Хигиена, со асистенција на полицијата од вработените кои протестираа беа извлечени камионите за смет и испратени на скопските улици да го соберат натрупаното ѓубре.

Состојбата во „Комунална хигиена“ е нормализирана и продолжи редовното собирање на смет, истакнаа денеска на прес конференција директорката на претпријатието Косана Мазнева и градоначалничката Данела Арсовска . На обвинувањата дека тоа не се гледа на терен, Арсовска нагласи дека во чистењето се вклучени и други јавни претпријатија, но дека е тешко за пет часа да се исчисти она што се натрупало во изминатите денови.

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена.

На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со „Комунална хигиена“, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување. Договорено е и да се покрене иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

Скопските градоначалници ќе поведат иницијатива за расформирање на „Комунална хигиена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот