ВИДЕО | Се омажи четирипати, се вереше шестпати: Една од најубавите жени на светот вели дека никој не знаел како вистински да ја сака
Пејачката тврди дека никогаш не добила вистинска љубов.
Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез отворено призна дека и покрај долгата листа на врски, никогаш не ја почувствувала вистинската, длабока љубов. Во интервју за „The Howard Stern Show“, таа рече дека ги сакала своите партнери, но дека тие никогаш не можеле да ѝ возвратат со иста длабочина на чувства.
Препорачано
Џенифер истакна дека проблемот не е во неа и за тоа како ја вреднува љубовта, туку дека партнерите „не биле способни да сакаат“. Рече дека ѝ подарувале скапи подароци, материјални работи… но секогаш нешто недостигало. По последниот развод, кој го смета за пресвртница во животот, таа се посветила на себе, преку терапија и работа на личниот развој.
Во текот на кариерата имала најмалку четири брака, шест веридби и осум јавни врски, вклучувајќи: Брак со Ојани Но, краткотрајни врски со раперот Диди и танчарот Каспар Смарт, долга врска и брак со пејачот Марк Ентони, со кој има близнаци, долга врска со Алекс Родригез, повторна врска и брак со Бен Афлек, кој заврши со развод во 2025 година.
Џенифер призна дека последниот развод ѝ помогнал да работи на себе, но и да сфати дека самодовербата и љубовта кон себе се клучни за здрав љубовен однос.


