ВИДЕО: Санчез му донесе бод на Интер во Торино

Алексис Санчез има понуда да игра во Франција/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Во последниот денешен натпревар од 29 коло во италијанската Серија А Интер успеа само да ремизира на гостувањето против Торино (1:1).

„Биковите“ во 12 минута дојдоа во предност со голот на бразилскиот интернационалец Бремер, негов трет оваа сезона.

Санчез кај „нераѕурите“ влезе во игра од 67 минута како замена за Мартинез и беше човекој кој го спаси миланскиот клуб од пораз.

Во самиот финиш од средбата (90+3`) Чилеанецот го постави конечниот епилог после асистенцијата на Џеко.

Интер кој има меч помалку се наоѓа на третото место со 59 бодови, зад Милан (63) и Наполи (60) на Елиф Елмас.

Во останатите мечеви: Фиорентина – Болоња 1:0, Верона – Наполи 1:2, Аталанта – Џенова 0:0 и Удинезе – Рома 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот