ВИДЕО | Сања Вучиќ за Дамиано Давид: Многу ми е непријатно, но доцна дознав дека има девојка

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Девојките од групата Ураган – Ксенија Кнежевиќ, Ивана Николиќ и Сања Вучиќ за време на гостувањето емисијата „Амиџи Шоу“, открија некои непознати детали од годинашната Евровизија, каде го освоија 15 место во финалето.

И покрај одличните перформанси и убавиот пласман, девојките очекувале многу подобар пласман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Vučić (@sanjalilwolf)


„Дали сакате да бидеме искрени? Мислевме дека ќе бидеме барем во првите 5. Сепак, кога го видовме гласањето, сфативме дека ќе бидеме последни. Што значи, 15-то место испадна како одлична завршница“, истакнала Ивана.

Потоа следела изјавата на Сања, која признала дека во еден момент размислувале и за победа.

„Во еден момент, седнавме и рековме: – Девојки, навистина можеме да победиме“, истакнала една од ураганките.

За разлика од Ивана и Сања, Ксенија имала само цел да се пласираат во големото финале.


„Искрено, само сакав да се пласирам во финалето бидејќи ќе беше штета ако не поминеме“, истакнала Ксенија, која во моментот на прогласување на победникот радосно извикала и посакала веднаш да му честита, но Сања и рекла: „Не сега“.

По пристигнувањето во Ротердам, Сања изјавила дека италијанскиот претставник Дамиано Давид е многу убав и дека биде омажила за него.

„На забавен начин реков дека ми се допаѓа. Ми се допадна песната. Подоцна дознав дека имал девојка, па ми стана многу непријатно“, изјавила Сања.

ФОТО | Сања Вучиќ од „Hurricane“ боледува од неизлечива болест: „Ураганката“ мора цел живот да биде под терапија

ВИДЕО+ФОТО | Една од „ураганките“ се вљуби во младиот Италијанец: „Многу е убав, веднаш би се омажила за него“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот