ФОТО | Сања Вучиќ од „Hurricane“ боледува од неизлечива болест: „Ураганката“ мора цел живот да биде под терапија
На членката на групата „Hurricane“, Сања Вучиќ, пред скоро две години ѝ е дијагностициран Хашимото синдром, поради кој мора секое утро да зема терапија.
Девојките од српската група „Hurricane“ привлекоа големо внимание на годинешното издание од Евросонг и тоа не стивнува ни по завршување на манифестацијата. Јавноста и медиумите постојано се во потрага по нови интересни детали за трите пејачки. Како што пишува српски „Блиц“, на Сања Вучиќ, пред две години ѝ бил дијагностициран Хашимото синдром.
View this post on Instagram
– Жал ми е што овој синдром се претставува како нешто страшно, а всушност е состојба со која може многу добро да се живее. Најнепријатен е всушност фактот дека морате да земате терапија додека сте живи, но, ако луѓето пијат кафе секое утро, зошто половина час пред појадок да не испијам едно апченце? Едноставно кажано, кога дожувувате стрес или подолго време се нервирате, а можно е и имунитетот да „откаже“, во телото почнуваат да се создаваат антитела кои ја доживуваат штитната жлезда како непријател. Таа „армија антитела“ се обидува да ја уништи, несвесна дека станува збор за витален орган. Кога ќе биде загрозена, таа престанува да лачи хормони, па хипофизата го предупредува телото дека нешто не е во ред. Веќе создадените антитела не можат да исчезнат, но, можете да ги намалите така што ќе пиете хормони кои, за да биде сè во ред, би ги произведувала штитната жлезда. Поради тоа зборуваме за неизлечива состојба, изјави Сања.
View this post on Instagram
Пред да ѝ биде дијагностициран синдромот, таа открива дека често ѝ се случувало да се чувстува толку преморена, што одвај станувала од кревет. Сепак главен знак дека нешто не е во ред биле драстичните промени на расположението.
– Бев многу несреќна, иако во суштина на сите животни полиња бев задоволна. Мислев дека психата е главен виновник што се чувствувам лошо, а ситуацијата беше обратна. Ми сметаше тоа што до бев толку раздразлива, што секоја ситница ме нервираше. Инаку не сум таква. Помислив дека постои проблем со женските хормони, па прво решение побарава кај гинеколог. За среќа, нејзе поради лично искуство ѝ беше јасно за што се работи, па ми предложи да ја проверам штитната жлезда, вели Сања за спрскиот весник „Хелоу“ , потенцирајќи дека штом почнала да ја зема терапијата, нејзиното расположение видливо се сменило.
View this post on Instagram
Во секој момент Сања има резерви од лекот, редовно зема витамин Д и суплементи кои содржат селен, магнезиум и цинк.
– Нервирањето на секој човек му создава здравствени проблеми, а на нас кои имаме Хашимото синдром, посебно. Затоа настојувам секогаш кога можам да бидам пробрана. Се трудам да водам здрав живот, но, морам да признаам дека не ми успева секогаш. Пред две години почнав да ја доведувам во ред исхраната, бидејќи ми се појавија проблеми со тежината. Не ми одговараат производи кои содржат глутен, а млечните ги сведов на минимум бидејќи ми пречат, иако јогурот
го обожувам. Но, има периоди кога не можам да одолеам на брзата храна. Како за беља го сакам она што секој лекар и нутриционист го забранува. Па кога ќе ме совлада желбата, утредента изгледам како балон, бидејќи мојот организам задржува голема количина вода. Затоа веднаш се враќам на вистинскиот пат и го јадам она што е добро за мене, а и вежбам, завршува таа.