Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

ВИДЕО | Сан Антонио во финалето на Западот, Детроит ќе игра „мајсторка“ со Кливленд

Кошаркарите на Сан Антонио спарс се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА лигата со 4:2 во серијата, откако убедливо ја победија екипата на Минесота тимбервулвс со 139:109 во шестиот натпревар од полуфиналето во петокот во Минеаполис.

Сан Антонио во финалето на Западот ќе игра против Оклахома, а првиот меч ќе се игра во понеделник.

Спарсите ги предводеше Стефон Касл, кој го заврши натпреварот со 32 поени и 11 скокови, Де’Арон Фокс постигна 21 поен, а Виктор Вембањама имаше 19 поени, шест скокови, две асистенции и три блокади.

Кај Минесота, која стигна до финалето на Западната конференција во последните две сезони, најдобар беше Ентони Едвардс со 24 поени, Теренс Шенон Јр. постигна 21 поен, а Наз Рид додаде 18.

Детроит пистонс се изборија за седми натпревар од серијата против Кливленд кавалирс во конференциското полуфинале на Истокот, откако славеше на гостински терен (115:94).

За Детроит, Кејд Канингем запиша 21 поен и осум асистенции, Џејлен Дурен додаде 15 поени и 11 скокови, а Пол Рид постигна 17 поени.

Џејмс Харден забележа 23 поени, седум скокови и осум украдени топки за Кавалирс, а Донован Мичел и Еван Мобли застанаа имаа по 18 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот